Навреме нè тепаа нашите: 7-годишно девојче тајно порачало дизајнерска чанта вредна 600 евра - „Не сум евтина како другите деца“

Навреме нè тепаа нашите: 7-годишно девојче тајно порачало дизајнерска чанта вредна 600 евра - „Не сум евтина како другите деца“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

На интернет стана вирално видеото на Американката Сторми и нејзината седумгодишна ќерка Амелија, која преку интернет купила скапа чанта со кредитната картичка на нејзината мајка - без знаење на родителите.

Во едно сега вирално видео на TikTok, како што објасни мајката на Сторми, нејзината ќерка Амелија ги искористила своите пари за да купи скапа дизајнерска чанта „Marc Jacobs“ која е популарна веќе некое време и наводно, потрошила 600 долари за неа.

Видеото на TikTok започнува со мајка која ѝ вика на својата ќерка, објаснувајќи дека ниту едно седумгодишно девојче не смее да носи такви чанти, но реакцијата на Амелија сугерира дека таа „зборува напразно“.

Несвесна за своите постапки, Амелија, сепак, носејќи ја својата нова омилена чанта на рамо, самоуверено одговори:

„Па, јас не сум како другите девојки. Не сум евтина како нив“.

Мајката не го очекуваше тоа, а целиот интернет се запрепасти, што девојката со ист тон изјави дека научила да ја користи картичката на нејзината мајка гледајќи ја како секојдневно купува скапи чанти онлајн. Таа, исто така, на инсистирање на нејзината мајка одби да ја врати чантата.

Реакциите на корисниците беа поделени. Додека некои ја критикуваа Сторми дека јавно ја посрамоти нејзината ќерка, други беа згрозени од однесувањето на малото седумгодишно девојче.

По многу коментари и прозивки, Сторми повторно се огласи во подоцнежното видео и одговори дека луѓето кои негативно коментираат за нејзиното родителство треба да се срамат од себе - објаснувајќи дека секој што нема ќерки не може да разбере низ што поминува.

@ashleyvlaz @Stormylee original sound - Stormy Lee

Исто така, додала дека нема намера да ја врати чантата затоа што не сака да ѝ го скрши срцето на своето мало девојче кое нема да биде казнето, токму затоа што е мајка која никогаш нема да биде груба со својата ќерка.

Откако и второто видео предизвика гнев во коментарите, се огласија луѓе од Балканот кои искоментираа дека ќе било се‘ поинаку доколку Амелија била на Балканот „барем на еден месец“.

„Пратете ја на Балканот со нас на еден месец“, „Навреме нè тепаа нашите“, „Ова дете буквално треба да ги доживее балканските методи на родителство“, „Тоа би било „Ова да ти е прв и последен пат“, а потоа ќотек „за образование“!“, напиша во коментари повеќе луѓе од Балканот.


Фото и Видео: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: