Не биле воодушевени од овие улоги: 11 познати актери кои потајно ги МРАЗЕЛЕ ликовите кои ги глумеле
Фановите ги обожаваат овие ликови, но не и актерите кои ги глумеле...
Актерството е забавна професија, постојано се влегуваш во друг лик, а на сите ни делува дека многу голем број од актерите се забавуваат на својата работа. Но, не секогаш. Некогаш се соочени со улоги кои не им се баш драги. Овие актери открија дека воопшто не биле фанови на ликовите кои ги глумеле:
# Џејми Дорнан - Кристијан Греј
Уште откако го глумел Кристијан Греј во првото продолжение на „50 нијанси на сиво“, Џејми бил прилично гласен во врска со своето незадволство од ликот кој го глуми. Не му се допаѓа Кристијан, бидејќи не може да поднесе такви ликови и дека тоа не е некој со кој некогаш би сакал да биде другар. „Сите мои пријатели се едноставни и сакаат да се смеат - не можам да се замислам себе како седам во паб со него (Кристијан). Мислам дека тој не би бил мој тип при изборот на пријател“ - изјави Џејми.
# Пен Бадгли - Џо Голдберг
Џо, главниот лик од хит серијата „You“ не е најсимпатичниот и најдобриот лик на светот, а не му е драг ниту актерот кој го глуми. Пен во едно интервју за списанието „Vanity Fair“ рече дека го мрази Џо, а на Твитер во една своја објава го нарече и токсичен.
# Д Џонас Брадерс
Браќата Џонас во младоста имаа серија на Каналот Дизни, чии главни ликови беа самите тие и истата се викаше „Џонас“. Во својот документарец „Chasing Happiness“ момците открија дека глумењето во шоуто „Џонас“ им било најголема грешка. Тврдат дека поради улога им требало подолго време за да пораснат и да созреат како личности. Кевин дури призна дека таа серија едноставно не била добра и дека не ги прикажала во добро светло како бенд.
# Мајли Сајрус - Хана Монтана
Мајли се прослави со улогата во „Хана Монтана“, а иако нема ништо против серијата, Мајли призна дека постоел период во нејзиниот живот кога навистина многу ја мразела оваа улога. Тоа било од 18 години па се до неодамна. Во серијата глумеше добар дел од своите тинејџерски години, поради што има чувство дека поради тоа немала можност да биде дете, бидејќи цело време работела. Од 11 година била постојано на сет, со многу шминка, светки, перики... и не се чувствувала толку добро поради тоа.
# Зек Ефрон - Трој Болтон
Во едно интервју пред неколку години, Зек Ефрон призна дека кога би можел да се врати во минатото никогаш не би глумел во „Средношколски мјузикл“. Кога ќе погледне на тоа време со задоволство би се истепал самиот себе, бидејќи го глумел Трој. Го мрази, бидејќи според него Трој е ужасен, а токму таа улога е онаа по која многумина го знаат. Во интервју за „Rolling Stone“ раскажа дека кога би морал да ја слуша песната од овој филм, со задоволство би се фрлил од нешто.
# Роберт Патинсон - Едвард Кален
Роберт изглед повеќе не е толку голем фан на вампирот кој го глумеше во „Самрак“. „Тој е најапсурдната личност... колку повеќе го читав сценариото, толку повеќе го мразев ликот“ - откри во една прилика.
# Шајлин Вудли - Ејми Џоргенс
Се сеќавате ли на серијата „The Secret Life od the American Teenager“? Во оваа серија глумеше Шајлин Вудли, а изгледа дека таа со задоволство би заборавила на ова. Раскажа и за проблемите кои ги имала со ликот кој го глумеше: „Кон крајот, од морална страна, работите кои ги заплеткуваше оваа серија не беа тоа во што јас верував. Поради тоа беше малку тешко секој ден да доаѓаш на сет и да знаеш дека ќе ги прикажеш сите тие теми на илјадници и милиони млади луѓе, а тоа воопшто не се пораки кои треба да се испраќаат на луѓето.“
# Блејк Лајвли - Серена Вад Фер Вудсен
Ова можеби ќе биде шол, бидејќи никој никогаш не би го претпоставил ова, но Блејк не била воодушевена со својот лик во серијата „Озборувачка“. Не ја сакала Серена поради нејзиниот карактер. Луѓето ја сакале, но таа била загрижена поради пораките кои се испрќале преку ликот кој го глумела.
# Меган Фокс - Микаела Банес
Ниту Меган Фокс не била секогаш воодушевена од ликовите кои ги глуми, а особено не сакала да биде Микаела Банес во „Трансформери“. Сметала дека ужасно глумела во тој филм. Тоа и бил првиот вистински филм и првата голема улога и кога сега гледа на тоа, сфаќа колку била лоша нејзината глума. Не смета дека целиот филм е лош, туку само нејзината глума.
# Шиа ЛаБоуф - Мут Вилијамс
Шиа не бил обожавател на ликот кој го глуми во филмот „Indiana Jones“, но вели дека тоа била негова грешка. Имал чувство дека не се потрудил доволно и дека го оживеал доволно добро ликот кој го глумел.
# Ченинг Татум - Дјук
Уште еден шок е дека Ченинг Татум си ја мрази улогата во филмот „G. I. Joe“, каде го глуми ликот под име Дјук. Искрено признава дека го мрази тој филм и дека бил натеран да ја земе улогата, иако веднаш видел дека сценариото не било воопшто добро.
Може да ве интересира:
И познатите ѕвезди имаат идоли: Видете ја реакцијата на Тејлор кога го запознава Џастин Тимберлејк