Не било како на филмовите: Познатите ѕвезди за своите први бакнежи

Не било како на филмовите: Познатите ѕвезди за своите први бакнежи

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Доколку вашиот прв бакнеж бил ужасен, не сте единствени!

Кога и да се случи првиот бакнеж, тој мора да биде несмасен, незгоден, никаков... и воглавно таков и е, со некои исклучоци.

Ниту познатите не се родени научени: прочијтете ги приказните за првиот бакнеж на нашите омилени ѕвезди.

# Ноа Сентинео

„Имај 15 години и заедно бевме на танцувачко натпреварување. Запознав една преслатка танчерка и ја повикав да одиме во кино. Заедно го изгледавме филмот, се држевме за раце... и потоа ја испратив до хотелската соба. Ја прашав за бакнеж за добра ноќ... ми кажа „Да“, се бакнаве и потоа ја затвори вратата“ - раскажа тој за магазинот Seventeen.

# Лана Кондор

„Мојот прв бакнеж беше во шесто одделение и игравме вистина или предизвик... Момчето беше пониско од мене и тоа беше првпат да бакнам некој. Пријдовме еден кон друг и се бакнавме. Можам да кажам дека тоа беше најчудното искуство, кое никогаш не би го повторила“ - објасни Лана.

# Мили Боби Браун

Ѕвездата на серијата „Чудни работи“ првпат се бакнала на снимањето на серијата и тоа со колегата од филмот, Фин Вулфхард. Пред да се случи бакнежот, авторите на серијата се шегувале и ѝ испраќале емотикони со бакнеж. По бакнежот, викала „Бакнувањето е одвратно“.

# Селена Гомез

„Јас се наведнав кон него да го бакнам и ги затворив очите пред да пребаше и му промашив половина усни“ - откри Селена. „Мислам дека тоа беше најчудниот бакнеж на светот, но имав 12 години, па така што нема врска.“

# Ник Џонас

„Првата Личност која ја бакнав беше Мајли Сајрус, пред пица ресторан - многу романтично“ - рече тој. „Пред тоа јадев пица со кромид, така што ужасно смрдев.“

# Камила Кабелјо

„Мојот прв бакнеж беше со момчето со кое бев опседната во текот на основното училиште. Ме бакна во образ и побегна - тоа и по натаму го правам кога сакам некој да ме бакне.“

# Ријана

„Мојот прв бакнеж беше во средно училиште и беше нешто најлошо. Буквално целата своја плунка ја префрли во мојата уста... тоа ме истрауматизира, па потоа долго време не се бакнував“ - раскажа пејачката.

# Кети Пери

„Вртевме шише и кога дојде до мене, почувствував дека имам мокра риба во уста. Тоа беше мојот прв бакнеж. Но, кога си шесто одделение, не учиш правилно да се бакнуваш“ - раскажа таа.

# Шон Мендес

„Бев осмо одделеение, бевме на забава и не беше ништо посебно. Само краток бакнеж, а сите направија голема работа околу тоа.“

# Зејн Малик

„Мојот прв бакнеж се случи кога имав 13 години. Бев низок, а таа висока, па мораше да ставам цигла до ѕидот и да се качам на неа за да и го дофатат лицето.“


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: