Не дозволува да ги заборават корените: Мадона за празниците ги однесе четирите посвоени деца во нивното родно место

Не дозволува да ги заборават корените: Мадона за празниците ги однесе четирите посвоени деца во нивното родно место

Објавена во: Совети // Семејство

Американската пејачка со своите деца отпатува во државата од која ги посвои...

Кралицата на попот, Мадона објави серија видеа на социјалната мрежа Инстаграм преку кои се пофали дека патувала со децата во Малави за време на празниците.

Имено, пејачката, која има шест деца - две биолошки и четири посвоени од Африка, ги донесе своите посвоени деца во земјата каде што се родени, во Малави.

Таа објави видеа кои покажуваат дека со децата ја посетиле локалната детска болница, семејството на нејзиниот посвоен син Дејвид Банда, потоа откри дека го посетила и претседателот на Малави, со кого разговарала за иднината на оваа земја, беа и на сафари...

Претходните години Мадона ги посвои синот Дејвид Банда (15), ќерката Марси Џејмс (15) и близначките Стела и Естер во Малави, а отсекогаш учествувала и во бројни хуманитарни настани.

Мадона успеа да отпатува за Малави и покрај фактот дека таа земја ги затвори своите граници поради пандемијата на коронавирусот, но американските граѓани можат да влезат и да ја напуштат таа земја.

Во продолжение погледнете ги видеата кои пејачката ги сподели на Инстаграм:





Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: