Не дозволувајте кавгите во семејството да останат нерешени: Како да се смириш со братот или сестрата?

Не дозволувајте кавгите во семејството да останат нерешени: Како да се смириш со братот или сестрата?

Објавена во: Совети // Семејство

Кавгите се нормална појава во семејството, но многу е важно како ќе се разрешат...

Оној кој има брат или сестра знае дека кавгите со нив се неизбежни, колку и да ги сакате. Во продолжение ти подаруваме неколку совети за тоа како да се смирите со нив: 

# Земете си време за да се смирите

Понекогаш кавгите помеѓу браќата и сестри може да бидат навистина жестоки. Независно од тоа кој ја започна расправијата, секоја страна смета дека е во право и од прва е невозможно да се дојде до компромис. Меѓутоа, кога сте толку вознемирени, невозможно е да веднаш да ја смирите ситуацијата. Поради тоа, земете пауза и обидете се да се смирите. Во поголемиот број случаи проблемот нема изгледа дека е голем, кога ќе размислите со ладна глава, а така ќе може и објективно да ја согледате ситуацијата.

# Дозволете им да дојдат до збор

Откако ќе се смирите, пробајте да разговарате со нив, но потрудете се тоа да биде двонасочна комуникација. Ова е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но понекогаш мора да поминете преку својата гордост и бес и дозволете и на другата страна да ги искаже своите ставови и мислења. 

# Извинете се

Во секоја кавга често кажуваме работи кои не ги мислиме и кои никогаш не би ги кажале. Дури иако понатаму сметате дека сте во право, имате причина за извинување. Извинете се што воопшто сте влегле во конфликт и што сте навредиле. Извинувањето можеби нема магично да ги реши сите проблеми, но на нив дефитивно ќе им помогне да сфатат дека се каете за своите постапки.

# Мирно објаснете ја својата страна

Кога зборувате за кавгата и сакате да ја решите, постои голем ризик за повторна караница. Сепак, пробајте мирно да објасните како вие ја гледате целата ситуација и да објасните што точно ве налутило и повредило.

# Сложете се дека не се сложувате

Понекогаш нема да дојдете до компромис, па најдобро решение ќе биде едноставно да се согласите дека вашите мислење за тоа прашање не се совпаѓаат. Ќе биде тешко да се прифати дека некој не го дели истото мислење како и вие, но запрашајте се дали тој проблем е толку голем за околу него да се расправате. Секој има право на сопствен став. 

# Направете нешто убаво за нив

Доколку ви е неудобно да зборувате за тој проблем, понекогаш може да дозволите вашите добри дела да зборуваат наместо вас. Дајте им мал подарок или исчистете им ја собата. Убавиот гест навистина ќе направи чуда во вашиот однос. На вас ќе ви помогне да се чувствувате подобро, а на нив ќе им даде до знаење дека се трудите за да ги средите односите.

# Игнорирајте ја кавгата

Веројатно ќе помине долго време за навистина да заборавите на својата лутина, особено доколку мислите дека не сте добиле извинување какво што заслужувате, но понекогаш едноставно мора да дозволите ситуацијата да остане во минатото. Може упорно да се обидувате да му објасните на својот брат или сестра својата страна, но може и да пристапите злеро и да поминете преку тоа за да го зачувате добриот однос и сопствениот мир.

# Немојте да паничите

Знаеме дека е многу тешко да се живее под ист покрив со личноста со која сте се скарале и која не сака да разговара со вас, но немојте да паничите доколку ситуацијата не се смири толку брзо колку што сте очекувале. Во голем број случаи вашиот брат или сестра ќе мора да ви прости и заборави, а вашата паника само ќе ја влоши состојбата, бидејќи тие ќе чувствуваат дека ги присилувате за да се смирите. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: