Не е лесно да се биде жена: Шест „чудни“ места на кои девојките ги отстрануваат влакната
Насловот не треба премногу да се обајснува - на жените едноставно понекогаш не им е лесно. Нема сега да влегуваме во други расправи зошто е тоа така, туку ќе се сконцентрираме на еден конкретен проблем - влакната.
Голем број девојки сами си создаваат проблем, бидејќи сметаат дека мора да се депилираат „поради момчињата“, но на крајот на денот на нив навистина не им е важно дали некаде има повеќе или помалку влакна. Најчестите места од девојките ги отстрануваат влакната (поради момчето, хигиената или само поради тоа што сакаат) се пазувите, нозете и препоните.
Но, постојат упте неколку „чудни“ места кои некои девојки ги депилираат:
# Раце - или сметаат дека влакната им се претемни или едноставно го сакаат чувството на мазни раце, иако за некој тоа изгледа како непотребна работа.
# Половина нозе - сигурно и самата го правиш тоа или имаш барем една пријателка која кога носи здолниште или пократни фармерки ги бричи само половина нозе. Треба да се биде практичен.
# Лице - многу девојки имаат проблеми со влакната на лицето и тоа најчесто се брадата или надусниците. Во тие ситуации најдобри се лентите за депилација или ласерска операции.
# Задник - уште едно место на кое влакненцата им пречат на девојките.
# Гради - доколку имаш само неколку влакненца и со чупалица ги вадиш истите, тогаш не си единствена.
# Прстите на нозете - постојат девојки кои мразат да си ги гледаат влакната на прстите на нозете, па и тоа е и едно место кое е изложено на депилација или бричење.
Доколку се чувствуваш поудобно откако ќе ги отстраниш сите непотребни влакна тогаш е океј, но мора да знаеш дека доколку тоа го правиш поради твоето момче, во 80% од случаите тој тоа нема да го забележи или нема да му биде важно. Па така - немој да си нанесуваш болка, доколку немаш потреба.