Не е ни Инстаграм, а ни Фејсбук: Која е најпопуларната социјална мрежа во 2021 година?

Не е ни Инстаграм, а ни Фејсбук: Која е најпопуларната социјална мрежа во 2021 година?

Благодарение на еден настан од 2020 година, оваа апликација доби огромна популарност...

Официјално се случи и тоа да Фејсбук и Инстаграм повеќе не се најпопуларни апликации - оваа година една социјална мрежа ги замрси сите планови и ги симна од тронот едни од најпопуларните апликации, како Инстаграм и Фејсбук, кои беа водечки и најпопуларни веќе долги години.

Веќе сите знаат за ТикТок и за огромниот раст на популарноста кој го постигна оваа апликација благодарение на пандемијата на коронавирус. Постојат и такви кои не ја користат оваа социјална мрежа и не ја одобруваат истата, но сите барем еднаш слушнале за неа и отприлика знаат за каков вид содржини станува збор. Имено, токму ТикТок стана најпопуларна апликација во 2021 година, а во текот на целата година веќе неколку пати се искачи на самиот врв.

Сите се веќе запознаени со ТикТок, па дури и оние кои немаат свој профил на него, но на сите им е добро познат поради опцијата Reels на Инстаграм која функционира и изгледа на истиот начин, како што изгледаат видеата на ТикТок. Оваа апликација својата голема популарност ја постигна минатата година при самиот почеток на пандемијата на коронавирус, кога луѓето масовно почнаа да ја користат за време на карантинот. Благодарение на тоа ТикТок доживеа голем пораст на популарноста, а минатата година заврши на високото седмо место, додека оваа година и на првото и со тоа ги престигна сите други популарни социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, кои веќе долги години беа помеѓу оние најпопуларните.

фото: Nattakorn_Maneerat / Shutterstock

Можеби ќе ве интересира: