Не е оригиналниот Кевин: Кој лик од „Сам дома“ се враќа и во новото продолжение?
На стриминг каналот Дизни+ наскоро пристигнува „reboot“ на филмот „Сам дома“, а многу обожаватели се прашуваат дали во овој филм ќе се појави „оригиналниот“ Кевин...
Веќе целиот свет знае дека наскоро ни доаѓа новото продолжение од филмот „Сам дома“ под назив „Home Sweet Home Alone“, но многумина уште се прашуваат само едно - дали Меколи Калкин, попознат како оргиналниот Кевин МекАлистер, ќе се појави во ова продолжение?
За жал, Меколи нема да го гледаме во овој филм, пишува „PopSugar“, а тоа е самиот го потврди со објава на Твитер.
„Поздрав до сите. Еве една мала вест со оглед на тоа што овие денови често ми се поставува истото прашање. Нема да бидат дел од „repoboot“ на „Home Alone“, но на сите кои се вклучени во ова продолжение им посакувам многу среќа“ - напиша.
Hey y'all. Just a heads up since I've been getting this question a lot today:
— Macaulay Culkin (@IncredibleCulk) October 13, 2021
I am NOT in the new Home Alone reboot.
I wish all involved the best of luck though.
Но, една поврзница помеѓу новиот и оригиналниот филм ќе биде Девин Ратреј. Тој во оригиналот го глумеше постариот брат на Кевин, Баз, а во овој изгледа ќе глуми еден од полицајците.