Не ѝ е прв пат: Ким Кардашијан се соочи со критики поради фотошопирање на семејните божиќни фотографии
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во понеделникот на Инстаграм сподели серија фотографии со мама Крис Џенер и сестрите Кортни Кардашијан, Клои Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер на нивната празнична забава, која се одржа на Бадник.
Додека голем број обожаватели го пофалија нивниот празничен изглед, многу од нив истакнаа дека некои фотографии се многу фотошопирани.
Во врска со една слика на Кардашијан и Џенерс кои позираат заедно во свечена облека во црвена, бела и црна боја, неколку луѓе се прашуваа зошто стапалата на Кендал изгледаат изменети и дали сите се фотошопирани.
„Дали е толку тешко да се сликате заедно? Зарем не е потешко да се фотошопира секој поединечно? Ова семејство е збунувачко“, коментира едно лице, додека друго додава: „Секоја линија на вилицата е фотошопирана, изгледа како главите да се исечени и залепени“.
Иако Ким не се осврна на драмата, тоа не е прв пат да споделува фотошопирани слики на социјалните мрежи. Во април, обожавателите забележаа дека нејзиниот папок недостасува на фотографиите за новиот комплет Skims.
Што мислите вие? Фотошопирани ли се овие фотки?
извор:famoza