Не е само Кајли бремена: Поради случајната изјава на Кејтлин Џенер сите зборуваат за тајната бременост на уште една Кардашијанка

Не е само Кајли бремена: Поради случајната изјава на Кејтлин Џенер сите зборуваат за тајната бременост на уште една Кардашијанка

Објавена во: Совети // Семејство

Кејтлин Џенер случајно откри дека во семејство има уште трудница и сега обожавателите се обидуваат да откријат за која сестра станува збор...

Кејтлин Џенер направи вистински хаос по гостувањето во емисијата „Good morning Britain“, откако случајно откри дека очекува две внучиња.

Како што е добро познато само Кајли е бремено, па многумина се запрашаа која друг во семејството Карадашијан - Џенер очекува бебе.

„Имам десет деца, од кои шест ми се биолошки. Две се на пат, што значи дека бројките се 19 и 20. Им кажав на девојките, своите деца, одиме до бројот 30. Тоа е убав, заокружен број“ - откри Кејтлин во емисијата, а потоа додаде:

„Девојките не беа премногу возбудени поради тоа и ако имате 10 деца, тоа во просек е по три на едно, едно би можело да има четири, едно би можело да има две. Така што се држиме до распоредот“.

По оваа обајва, обожавателите ја направија пресметката.

Кејтлин од првиот брат со Кристи Крауновер го има синот Барт кој има две деца и ќерката Касандра која има три. Од другиот брак со Линда Томсон го има синот Брендон има три деца и Броди кој сѐ уште не станал татко.


Од бракот со Крис Џенер, кога се во прашање внуците, од своите пасторки има три од Кортни, четири од Ким и по едно од Клои и Роб. Кендал Џенер е единствена која нема деца.

Токму од оваа причина многумина почнаа да анализираат кој од семејството очекува принова.

Голем дел сметаат дека тоа е Кортни, која неодамна се вери со Тревис Баркер, некогашниот тапанар од бендот „Blink-182“.

Гласините за нејзината бременост кружат веќе некое време, а дополнително беа загреани од фотографиите на кои е на плажа со деца, каде нејзиниот стомак беше поголем од вообичаено. Обожавателите се дополнително убедени дека е во прашање Кортни, бидејќи и самата повеќе пати изјави дека едвај чека да му роди дете на Баркер. Меѓутоа, очигледно е дека разрешувањето на оваа мистерија ќе ја почекаме уште неколку месеци.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: