Не е само летото идеално за нив: Модели на фустани кои ќе бидат популарни оваа есен
Само затоа што летото заврши не значи дека треба да престанеш да носиш фустани...
За овие четири модели на фустани особено се најавува дека ќе се носат оваа есен. Тоа што се прилагодливи е одлично и можеш да ги носиш за различни пригоди, како и секој ден. Истите ќе бидат идеален избор за деновите кога се уште е топло и нема да имае потреба од многу мозгање за тоа во што да се облечете.
# Ребраст плетен фустан
Топли се, изгледаат добро и може да се искомбинираат на 1000 начини. Оваа есен дефинитивно ќе се носат ребрастите плетени фустани. Голем број на ваквите фустани се тесни и женствени, но ќе има и модели што се малку пошироки и во кои ќе се чувствуваш поудобно.
# Кожен фустан
Од моделот кој изгледа како капут, до моделот кој потсетува на панталони со трегери, каков и да одбереќ ќе изгледа тренди. Но, немој да купуваш модни парчиња од вистинска кожа, подобро бирај ги оние од вештачка.
# Кошула - фустан
Комбинациите на кошула и фустан се популарни веќе некое време, а нема ништо да се промени ни оваа есен. Фустанот кој изгледа како преголема кошула се носеше и минатата година, а доколку тогаш не го следеше овој тренд, сега ќе имаш можност за тоа.
# Фустан со отвори
Оваа есен во тренд ќе биде фустан за кој повеќе делува како да е летен, бидејќи ја открива кожата малку повеќе од она што би ја покажале во есен. Станува збор за фустанот со отвори. Без разлика дали малку повеќе го покажува грбот или нема еден ракав, ваквиот фустан ќе биде моден погодок оваа есен.