Не е свадба - забранети се собири: СУГС „Владо Тасевски“ на отворен простор ќе ги реализира уписите
Од утре официјално започнуваат уписите во средните училишта во државата. Сите се организираат на различни начини на кои ќе ги спроведат уписите, со цел идните нивни ученици да останат заштитени и безбедни.
Растојанието од два метри ќе биде секаде задолжително, а учениците еден по еден ќе ги предаваат своите документи. Од сите средни училишта, посебно се издвои СУГС „Владо Тасевски - ПТТ“.
Имено, директорот на училиштето Александар Сибиновски сподели фотографии од тоа како ќе изгледа просторат каде ќе се одвиваат уписите во училиште, а неговата идеја наиде на позитивни коментари од сите родители и идни ученици.
„Не е свадба-забранети се собири. Само бевме внимателни и ги почитувавме сите протоколи за минимизирање на опасноста од ширење на вирусот. СУГС „Владо Тасевски“ е подготвен да ги реализира годинешниве уписи на отворен простор.“ - напиша директорот покрај фотографиите.