„Не е време за тоа“: Лејди Гага се откажа од албумот

„Не е време за тоа“: Лејди Гага се откажа од албумот

Објавена во: Stars // Музика

„Едноставно не е време за тоа“ - тврди пејачката и оваа одлука е најдобра за сите.

Обожавателите на Лејди Гага до пред само неколку недели беа во екстаза. Имено, пејачката тогаш најави дека ќе објави нов албум со наслов „Chromatica“.

На 28 февруари го објави и синглот „Stupid Love“, со кој го најави албумот. Но, сега поради пандемијата коронавирус, сепак мораше да го одложи, пишува PopSugar.

„Како прво, сакам сите да бидете на сигурно и да не се приближувате, знајте дека мислам на вас. По многу размислување, одлучив да го одложам излегувањето албумот, па наскоро ќе го најавам новиот датум. Ова е тешко време за сите нас и мораме меѓусебно да бидете тука едни за други. Ова не е време за издавање албуми. Поважно е да работиме на решавање на проблемот со кој се соочува цел свет“ - напиша таа на Инстаграм.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: