Не ги крие емоциите: Јелана Карлеуша заплака поради кандидатката по која сакаше да „удри“

Не ги крие емоциите: Јелана Карлеуша заплака поради кандидатката по која сакаше да „удри“

Објавена во: Живот // Живот

Аднан Коториќ од тимот на Јелена и Слаџа Забчевиќ, новата кандидатка од тимот на Мили, го воодушевија жирито со прекрасните изведби во „Ѕвездите на Гранда“.

Момчето се претстави со песните „Маџарица“ од Здравко Чолиќ и „Азра“ од Хари Мата Хари, а натпреварувачката од Сараево ги одбра песните „Бројаница“ од Ана Бекута и „Лепи мој“ од Снежана Ѓуришиќ.

На крајот, во овој дуел победи Слаџа, која беше неверојатна и ги доби сите шест гласа. Аднан освои пет.

Во еден момент за време на настапот на Слаџа, Јелена Карлеуша се расплака. Таа ѝ се обрати на кандидатката и пушти солза.

„Таман се подготвував да „удрам“ по тебе за патиките, киките, стајлингот и смислував како да започнам со навредувањето. И потоа ти го пушти твојот магичен глас и јас се расплакав. Постојат 1% луѓе кои не треба да се плашат од мене. Се што би ти кажала пред твојот талент паѓа во вода“ - ѝ се обрати Карлеуша.

Во видеото во продлжение од 1:21:07 може да го погледнете целиот настап на девојката која успеа да ја расплаче Јелена Карлеуша: 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: