Не ги одбрале туку така: Еве како Бресквица и Војаж ги добиле своите необични прекари
Тие двајца се вбројуваат во најпопуларните пејачи на сцената, а голем број од публиката ги знае по нивните уметнички имиња...
Популарните млади ѕвезди Анџела Игњатовиќ и Михајло Велуровиќ сите добро ги знаете како Бресквица и Војаж, но ретки се оние кои знаат како ги добиле прекарите.
Сега, популарната двојка, која има бројни обожаватели на социјалните мрежи и Јутјуб, го откри и тоа.
„Мене најдобрата пријателка во основно училиште случајно ми го даде прекарот Бресквица. Сите ме викаат така и потоа одлучив да си го задржам“ - раскажа Бресквица, додека кај Војаж ситуацијата била поинаква.
„Имав животна приказна која ме натера со семејството да заминав во Франција. Мојот татко работеше како телохранител на Зоран Ѓинѓиќ и по атентатот на премиерот повеќе не бевме сигурни во Србија, па по тој повод моравме да заминеме од земјата“ - откри во емисијата „Шаранова радионица“ и додаде:
„И самиот пат во Франција на некој начин ме изгради во човек каков што сум денес. Ми изгради цврст карактер. И во тоа име се нареков „Voyage“, како „пат во Франција“.“