Не ги оставајте: Во оваа просторија кучињата се чувствуваат најлошо кога се сами
На сопствениците на кучиња не им е лесно да ги остават своите миленици сами дома, но тоа едноставно е неизбежно, особено кога мора да се оди на работа, на училиште или да завршат некои обврски и кучето нема со кој да остане дома. Секое разделување од сопственикот за кучето е непријатно, па и трауматично искуство, но со текот на времето се навикнува.
Колкава неудобност ќе чувствува кучито кога ќе остане само дома, зависи и од тоа во кој просторија ќе остане. Како што покажа истражувањето на компанијата „Compare the Market“, кучињата најголема непријатност чувствуваат кога ќе останат во спалната соба, а најмала кога се во кујната или дневната соба.
Секако, голем број сопственици на своето куче му овозможуваат пристап до сите простории, но оваа информација е добро да се знае во вакви ситуации. На приемр, вратата од спалната соба може да се затвори кога кучето ќе остане само дома, за да не влегува во неа и да чувствува нерпијатност. Секако, доколку вашиот миленик навистина сака да спие и престојува во спалната соба, ќе му овозможите пристап.
Британската студија во која учествуваа илјада сопственици на кучињата е спроведена така што на кучињата им се мерел пулсот во секоја од просториите во кучата, па се утврдило дека отчувањето на срцето им било најсилно во спалната соба. Како што покажа истражувањето, друг најнеудобен дел од куќата за кучињата е терасата.
Во кујната и дневната соба кучињата се чувствуваат најудобно, а научниците тоа го објаснуваат со фактот дека тие простории ги поврзуваат со позитивни исходи. Во кујната ги јадат своите оброци, додека дневната ги асоцира на галење со сопственикот, кога сопственикот гледа телевизија, а кучето се припива до него или на игра со сопственикот.
Кучињата можат да се чувствуваат збунето доколку останат во спалната соба, бидејќи знаат дека нивните сопственици ја користат таа просторија само за спиење. Освен тоа, некои кучиња не ги сакаат просториите кои ги ограничуваат, па затоа на терасите се чувствуваат многу понеудобно, отколку во кујната или дневната соба.
фото: pexels.com