Не ги заборава корените: Душко Тошиќ со донација за училиштето во родното село
Познатиот фудбалер и некогашен репрезентативец на Србија, Душко Тошиќ донираше вредна компјутерска опрема во О.У. „Урош Предиќ“ во Орловат, во кое и самиот бил ученик.
„Со оваа донација значително ќе се поправат дигиталните услови за работа во 8 - те училници. Како важен детаљ истакнува дека, кога и да наврати Душко во нашето училиште, учениците со восхит го прераскажуваат тој настан. И ние возрасните го паметиме ккао скромно, упорно и талентирано момче, заљубено во фудбалот. Тоа во ученичките денови му беше негово богатство, кое му го осигура патот до ѕвездите. Душко одамна не е момче и повеќе не живее во Орловат, но од своите ѕвездени висини не заборава од каде доаѓа“ - посочува директорката на училиштето, Биљана Мургиќ Фијат.
Од неговото некогашно училиште му упатија и порака на Душкo.
„На Душко од срце му се заблагодаруваме на несебичниот подарок кој го подари на нашето училиште, а за тоа дека е човек за пример не треба да зборуваме. Ќе разбере тој.“ - порачаа од училиштето.
Извор: dnevnik.rs