Не можам наставничке, баба ми има корона: Учениците во Србија имаат нов трик, еве како ја избегнуваат наставата
Не се само возрасните тие кои ја користат ситуацијата со короната за понекогаш да изостанат од работа или да работат од дома. Со овој „трик“ се служат и учениците, па со погоре споменатиот и слични изговори на овој, масовно изостануваат од часовите.
„Наставничке, оваа недела нема да можам да дојдам, бидејќи баба ми има корона, бев во контакт со неа“.
„Наставничке, одеднаш чувствувам некоја слабост, сѐ ме боли. Се плашам дека е корона, подобро е да си одам дома“.
„Ми тече носот и кивам. Што ако е корона? Подобро е да ме вратите дома да не ве заразам“.
Дали вие или некој ваш соученик се користи со вакви трикови за да отсуствува од наставата? Какви се вашите искуства?фото: Unsplash.com