Не може да престанат да се восхитуваат на неговиот младешки изглед: Никој не верува колку години има!
Сите свои тајни за младешкиот изглед, ги споделува со своите обожаватели...
Холандскиот личен тренер и инфлуенсер Едсон Брандао со својот младешки изглед ги збунува и воодушевува сите корисници на Инстаграм.
Тој е маж во зрели години, поточно има 53 години, и тврди дека се нема подложено на естетски зафати, не пие и не пуши. Пие само минерална вода и тоа два литри дневно, пренесува DailyMail.
Вели дека својата младоликост ја должи на начинот на живот, кој подразбира избегнување на шеќери, преработена и пржена храна.
Секогаш бил самоуверен, а истакнува дека сега има повеќе енергија од било кога, поради секојдневните тренинзи, здравата исхрана, негата на кожата и позитивниот начин на размислување, за кој истакнува дека е тајно оружје за неговата младоликост.
Едсон се надева дека со споделувањето на своите тајни, ќе ти поттикне другите луѓе да го променат својот стил на живот.
„Никогаш во животот не сум имал пластични операции. Успеав на природен начин да го сочувам изгледот, благодарејќи на здравата храна, водата, зеленчукот и конзумирањето на многу вода“ - рече тој.
Овој маж открива дека другите луѓе не му веруваат дека има 53 години. Со кој и да се сретне смета дека има околу 20 години.