Не можел да зборува до 11 години: Денес е најмладиот професор од црна раса на Универзитетот во Кембриџ
Импресивниот акдемски професор од Кембриџ, Џејсон Ардеј, пред само 8 години работеше со скратено работно време во познатиот британски синџир продавници...
Бројките можеби најдобро ја илустрираат неверојатната приказна на академскиот професор од Кембриџ - Џејсон Ардеј (37).
На тригодишна возраст, експертите го отпишале откако му било дијагностицирано глобално доцнење во развојот и нарушување на спектарот на аутизам. Денешниот познат социолог не знаел да зборува до 11 години, а не знаел да чита и пишува до 18 години.
Пред само 8 години работел половина работно време во познат британски ланец на продавници, а денес е високо почитуван научник за раса, нееднаквост и образование и најмлад професор од црна раса на Универзитетот во Кембриџ.
Џејсон, оваа победа ја должи на својата мајка Гифта од Гана, медицинска сестра за ментално здравје, блиските пријатели Сандра Сандри и Шантел Луис и музиката на Ења. Сите тие инспирирале клучен емотивен момент кога Џејсон наполнил 11 години.
„Многу од знаците што ги научив во однос на говорот и разбирањето дојдоа преку музиката“ - вели тој и додава: „Во мојата куќа се пушташе многу музика за да се објасни употребата на звуците. Мајка ми е опседната со галската и келтската култура. Тана Ења често се слушаше во куќата. Таа би рекла: „Вака звучи река“. Или: „Кога би опишал како звучи реката, ова се зборовите што би можел да ги користиш.“. Мајка ми најверојатно мислеше: „Пробав сѐ, а ништо од ова не функционира“. Но, она што та ане го знаеше дека сите тие работи и илјадниците часови кои ги помина со мене, жртвувајќи се и напуштајќи ја сопствената кариера, беа вредни за тоа“.
Како што вели професорот, сѐ што пробала мајка му, тој го регистрирал до моментот кога на 11 години го извадил апаратот за слушање од увото и го изговорил првиот збор: „Здраво“.
„И го искористив во вистинскиот контекст. Мајка ми се изненади: „Што кажа?!“ И јас повторив“ - се присетува професор Ардеј.
До тој момент, Џејсон бил растен како едно од четирите деца во Клафам, јужен Лондон, користејќи знаковен јазик и поминал голем дел од своето детство со логопеди и терапевти. На неговото семејство, кога имал 3 години, му било кажано дека најверојатно ќе му треба доживотна поддршка. Неговата мајка, како што подоцна опишала, оваа дијагноза ја добила како удар со чекан во срцето.
„Глобалното доцнење во развојот е доцнење во процесот. Тоа значи дека мојот мозок многу бавно ги обработува информациите. Сепак, аутистичната страна на тоа доаѓа како магичен трик - тоа ми овозможува да станам опседнат со нешто, па така мајка ми даде работи на кои треба да се фокусирам. Ме натера да играм билијард кога имав 11 години, само за добија, доза на стабилност од повторувањето. Не ја интересираше дали сум добар или не, иако завршив и на натпреварување“ - вака ги опишува професорот првите чекори од борбата со оваа состојба.
Потоа, вели, таа се обидела да открие како играњето на билијард може да се примени на други области од неговиот живот. Тогаш интервенирала Сандра, професорка на колеџот и блиска пријател на Џејсон.
„Ме однесе на курсот иако немав никакви квалификации. Сѐ што сакаше беше да работам напорно, да се жртвувам и да бидам точен“ - се присетува Џејсон.
Кога ги опишува годините кога не можел да зборува, професорот објаснува дека „му било преубаво“.
„Поминав многу време набљудувајќи ги луѓето, начинот на кој одат, начинот на кој зборуваат, знаците што ги имаат, како се однесуваат со луѓето. Читав нешто за Нелсон Мандела. Тој кажал дека се сеќава на три до пет работи за секоја личност што ќе ја сретне. Тоа е нешто што се обидувам и го правам дури и сега“ - вели Ардеј.
Се стекнал со гимназиско образование за физички воспитување и текстил, потоа студиска диплома по физичко воспитување, а потоа две магистерски квалификации. Титулата наставник по физичко образование ја добил, а потао добил и докторат на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул. Сите свои академски достигнување ги финансирал работејќи со скратено работно време во синџир продавници.
Тој станал професор по социологија на универзитетите Дурам и Глазгов за да се справи со недостатокот на црни и кафеави луѓе во високото образование и на крајот беше избран во Кембриџ.
„Сакам да им помогнам на што поголем број луѓе и секогаш да наоѓам начини за да го осветлам нивниот сјај“ - заклучува професорот за британскиот „Mirror“.
фото: Принтскрин / Фејсбук