Не можеле да одат во Светот на Дизни, па го направиле дома

Не можеле да одат во Светот на Дизни, па го направиле дома

Објавена во: Совети // Семејство

Поради пандемијата коронавирус, Светот на Дизни и Дизниленд се моментално затворени, па ова семејство одлучи да ги развесели своите ќерки и им направи Дизни магија дома!

Веста дека Светот на Дизни и Дизниленд се затворени, донесе солзи на очите на ќерките на Џесика и Брет Губенк. Поради тоа овие родители одлучија да направат свој Дизни Парк во дворот за да ги развеселат своите ќерки - и успеале во тоа, пишува BuzzFeed.


„Одлучивме да им кажеме пред да започнеме со планирање, бидејќи Седи и Самер се многу креативни и знаевме дека би сакале да учествуваат во изградбата“ - раскажа нивниот татко.

Семејството Губенк инаку планирало да оди во Дизни паркот на 23 март, каде требало да го прослават роденден, но поради пандемијата, затворањето на парковите и сопствената сигурност, не биле во можност да го направат тоа.

Со своите ќерки направиле Дизни парк дома; појадок кај шефот Мики и уште многу други работи. Вечерта исто така им завршила магично и тоа со огномет на проектор во дворот.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: