Не очекував дека волку рано ќе го снимам ова видео: Македонскиот јутјубер ГП се прости од Јутјубот

Не очекував дека волку рано ќе го снимам ова видео: Македонскиот јутјубер ГП се прости од Јутјубот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ГП ја напушти македонската јутјуб сцена...

Марко Марковиќ, попознат како ГП важи за еден од најпознатите јутјубери, а неговите видеа имаат безброј прегледи, лајкови и коментари. Вчера, со своите обожаватели сподели дека ја напушта Јутјуб сцената и во видеото од скоро еден час ја образложи причината за тоа.

„Свесен бев дека ќе го снимам ова видео, ама не очекував дека волку рано во мојот живот да го снимам видеово, но за жал дојде и тој ден“ - вака ГП ја започна својата исповед.

„Образованието секогаш ми било, ќе ми биде на прво место и ќе биде многу јасно зошто ми било важно, по денешново видео.“ - по што ја откри и причината за напуштањето на Јутјубот. 

Имено, ГП реши да фокусира на своето образование, поточно на она што го студира - програмиње, а воедно со тоа ќе започне и да работи. Следствено на тоа, ќе нема време да му се посвети на јутјубот.

Неговата скоро 60-минутна исповед погледнете ја во продолжение: 


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: