Не оди по стапките на познатите родители: Синот на Вики Миљковиќ има 14 години, а веќе е успешен и освојува медали

Не оди по стапките на познатите родители: Синот на Вики Миљковиќ има 14 години, а веќе е успешен и освојува медали

Објавена во: Совети // Семејство

Успева да ги избалансира училишните обврски со тренинзите...

Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташке важат за една од најхармоничните двојки на естрадата, а од бракот долг 27 години го имаат 14-годишниот син Андреј.

За разлика од многу деца на познатите, за Андреј во јавноста се знае многу малку. Она што е познато е дека не тргнал по стапките на родителите, туку се определил за спортот и тоа за тенисот, во кој е многу успешен.

„Андреј е многу опседнат со спортот. Се занимава со тенис, а неодамна почна да оди и на турнири. Активно работи на физичката подготовка, тоа му е сега во прв план“ - откри гордата мајка своевремено, во интервју за „Hello“.

На само 14 години, Андреј веќе има освоено многу медали, а успешно успева со тренинзите да ги избалансира училишните обврски.

„Школувањето и активностите на Андреј не смеат да трпат поради природата на мојата работа, која подразбира и седење до доцните часови и чести патувања. Секое утро станува пред 7 часот за да му помогнам да се подготви. Кога ќе замине на училиште, продолжувам да спијам или завршувам некои други обврски“ - вели пејачката која често споделува фотографии од својот син на Инстаграм.

За потсетување, Драган од првиот брак ја има ќерката Јелена која живее во Германија, со која Андреј одлично се согласува.

„Нашиот син и неговата сестра по татко се согласуваат феноменално. Тој оди во германско училиште, а таа му помага околу домашните задачи и јазикот. Јелена во Белград доаѓа за време на распустот, па тој тогаш има потреба да ја прегрнува и бакнува, но и да се кара со неа. Неверојатно се поврзани еден за друг“ - откри Вики порано.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: