Не остана должна: Селена Гомез му одговори на корисникот на ТикТок кој го критикуваше нејзиниот однос кон здравјето
Селена Гомез ретко одговара на вознемирувачките коментари на социјалните мрежи, но откако еден корисник на ТикТок зборуваше за нејзиното здравје и трансплантација на бубрег, ѕвездата не можеше, а да не го возврати ударот. Во вторникот, на 30 ноември пејачка сподели комична реакција на видеото на докторката Дон Бантел, која објаснува што претставува прекумерната конзумација на алкохол.
„CDC го дефинира прекумерното користење на алкохол на 15 или повеќе пијалоци неделно за мажите“ - објасни д-р. Дон, на што Селена ги крена веѓите, „и 8 или повеќе пијалоци неделно за жените“. Во другиот дел, изразот на Селена премина од заинтригиран во нервозен, како што може да видите на видеото. Меѓутоа, иако пејачката напиша дека е во прашање шега, некои следбеници не го доживеаја тоа така.
#duet with @drdawnbantel it’s a joke
original sound - Dr. Dawn Bantel, NMD
„Значи, една од вашите најдобри пријателки ви дава бубрег и вие продолжувате да пиете прекумерно“ - напиша еден корисник, а пејачката не му остана должна, возвраќајќи му: „Тоа беше шега“. Подоцна, таа доби поддршка од многу следбеници и обожаватели.
Уште во септември 2017 година, Селена објави дека добила бубрег од блиската пријателка Франсија Рајз, додека се борела со лупус. Постепено споделуваше повеќе детали за својата здравствена состојба и закрепнување во последните години.