Не помислувајте со овие да правите ручек: Скапоцените нокти на Карлеуша предизвикаа урнебесни коментари

Не помислувајте со овие да правите ручек: Скапоцените нокти на Карлеуша предизвикаа урнебесни коментари

Објавена во: Живот // Живот

Новата година се ближи, а кај Јелена Карлеуша се мора да биде во тој знак, па дури и ноктите!

Но, не било какви нокти ...

Имено, таа на Инстаграм се пофали со вистинско мало „уметничко дело“, кога е маникирот во прашње, за кое верувале или не, потребни се околу 4 часа за да се изработи.

Фановите на ѕвездата веднаш ги споделија нејзините објави, а коментарите што ги напишаа на Инстаграм беа хит.

„Добро, ајде сите да им зададеме домашна работа за нашите маникирки“, „Не обидувај се да исецкаш кромид и да правиш ручек со ова“, „Ќе ги направам за забава, само за да видам колку дена ќе преживеам“, „Правиш нокти и ништо не мора да работиш дома еден месец , одлично“, „ Колку чини ова? Поскапо е од нечиј новогодишен стајлинг“ - се само некои од коментарите на духовитите обожаватели.

Покрај ноктите, Јелена се пофали и со новиот накит на кој го носи нејзиниот хороскопски знак - Лав.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: