Не престануваат шегите на сметка на изгледот на Дамиано Давид: Го споредуваат со италијанската министерка и познатата пејачка (ФОТО)

Не престануваат шегите на сметка на изгледот на Дамиано Давид: Го споредуваат со италијанската министерка и познатата пејачка (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Корисниците на социјалните мрежи одлучија малку да се пошегуваат со Дамиано...

23-годишниот победник на минатогодишната Евровизија, Дамиано Давид, фронтменот на групата Манескин, ги освои деовјктие и жените ширум светот.

Со својот стајлинг, однесување и провокативното облекување, често ги полни медиумските наслови, а на многу луѓе не им е јасно што гледаат жените во него.

Токму тие, одлучија на Твитер да се пошегуваат со него и да го споредат со италијанската министерка Ана Мариа Бернини.

На Интернет се појави фотографија од Дамиано со боб фризура во стилот на Ана Винтур. На себе носи кариран капут и изразена шминка, па некои ги потсети на 57-годишната италијанска политичарка.

Но, тоа не беше единствената споредба. Корисниците на Твитер пишуваат дека потсетува и на Тејлор Свифт во моментите кога пејачката имаше слична фризура. Над фотографијата од споредбата пишува „Доволно блиску“.

Некако веруваме дека ваквите провокации нема да го вознемират Дамиано, и дека ќе продолжи да ја разгорува јавноста со својот препознатлив стил и карактер.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: