Нѐ сака повеќе од мајката на таткото: Зошто бабата од страна на мајката ни го одбележува детството?
Помеѓу внучето и бабата од страна на мајката освен љубов и внимание, постојат уште неколку посебни врски...
Ако имавте среќа да пораснете со вашата баба, вашите спомени од детството веројатно се исполнети со прекрасни, емотивни асоцијации на сигурност и уживање.
Со сета почит кон мајката на таткото, дали некогаш ви текнало дека постои (биолошка) разлика помеѓу неа и бабата од страна на мајка ви? Ако треба да им се верува на научниците, постојат неколку други специјални врски помеѓу внучето и мајката на мајката, покрај љубовта и вниманието!
Неспорна генетика
Гените практично претставуваат наследни единици составени од ДНК. Генетичарите велат дека внуците во просек делат 25% од ДНК со своите баби и дедовци. Ги наследуваме гените и од бабите и дедовците, но најмногу од страната на мајката, тврдат експертите, бидејќи нивните гени имаат помоќно влијание врз потомството на децата.
Научниците веруваат дека тоа се должи на „врската со Х - хромозомот“. Имено, бабата по мајка пренесува 25% од хромозомот Х на внуците и на женките и на мажите, додека бабата по татко пренесува по еден Х - хромозом на женските внуци, и нема трансфер на хромозомот на машките внуци.
Што пречи во односнот меѓу внуците и родителите на таткото?
Постојат неколку теории, но повеќето научници веруваат дека се работи за „татковска несигурност“, односно следново - мајката и нејзината мајка се 100% сигурни дека го чуваат своето дете, додека татковците и нивните семејства не се секогаш сигурни во тоа, затоа што тие не се онаа страна што учествува во породувањето.
Сосема посебна блискост
Бабите од срана на мајките се поблиски со внуците, веруваат научниците. Во многу семејства, мајката на мајката носи поголема одговорност за децата и поминува најмногу време со нив, инвестира во нив и повеќе се грижи за воспитувањето и образованието на внуците отколку бабата по татко.
Уникатна улога
Чилеанско истражување покажа дека од сите четворица родители на нашите родители, ние сме најприврзани со бабите и дедовците по мајка, бидејќи гените „прескокнуваат“ една генерација (мајка и татко), па можеби затоа многумина подобро се сложуваат со бабите и дедовците отколку со родителите.
Дали се согласувате со тврдењата на научниците? Какво е вашето искуство?