Не сакаат да ѝ го остават богатството вредно милијарди: Која е мистериозната и преубава ќерка на Бил Гејтс?

Не сакаат да ѝ го остават богатството вредно милијарди: Која е мистериозната и преубава ќерка на Бил Гејтс?

Објавена во: Живот // Живот

Таа претпочита да не споделува премногу за својот љубовен живот и е поскромна од тоа што мислите....

Младата Фиби Адел Гејтс не се појавува често пред очите на јавноста, поради што привлече многу големо внимание кога беше уловена во Њујорк на ручек со татко ѝ. Неговото име добро го знаете - во прашање е Бил Гејтс, еден од најуспешните, најпознатите и најбогатите луѓе на светот.

Фиби се одлучи за монохроматско издание, составено од бел свилен макси фустан и бело струкирано сако, но не застана за насобраните папараци да го овековечат овој семеен момент. Таа буквално прелета покрај папараците, не заинтересирана за позирање, што и не изненадува доколку се земе предвид дека Фиби не е заинтересирана за популарноста.

Родена е во Белви, во близина на Сиетл на 14 септември 2002 година, а денес живее во еко-вилата Гејтс над езерото Вашингтон, вредна 124 милиони долари.

Израснала во куќата во која имала соба со трамболини, приватна плажа со песок од Карибите, затворен базен и вештачки поток со вистински риби, а сепак денес е многу скромна девојка. Како што медиумите пишуваа своевремено, на Гејтс секогаш му било многу важно нивните деца да ги завршуваат домашните обврски, додека семејното миење на садовите секоја вечер станало мала традиција.

Фиби го посетувала приватното средно училиште во кое учел и нејзиниот татко Бил, за потоа да се запише Професионалното детско училиште во Њујорк, во кое се образуваат перспективните млади актери и танчери. Таа, исто така, беше дел од Школата за американски балет и се запиша на престижниот колеџ Џулијард.

Иако поголемиот дел од времето го поминуваше со мајка си, Бил одигра многу важна улога во животот на Фиби. Една од нивните заеднички работи е љубовта кон читањето, а на фотографијата што таткото и ќерката ја споделија на Инстаграм во 2018 година, Бил напиша дека и двајцата се воодушевени од книгата „Turtles All The Way Down“.

Фиби не е претерано активна на Инстаграм, но според објавите на нејзината постара сестра Џенифер, јасно е дека се многу блиски.

Сепак, нејзината приватност останува прилично обвиткана со мистерија, иако не успеа да сокрие дека момците кои сонуваат за неа немаат шанси, бидејќи таа е среќно заљубена со години!

Од средината на 2019 година, Фиби е во врска со Чез Флин, кого го запознала во средно училиште и со кого често патува.

Познато е и дека Фиби одиграла клучна улога во разводот на нејзините родители. Поточно, во тоа кога ќе се случи - извор близок на парот за „People“ изјавил дека Гејтс долго време сакале да се разведат, но решиле дека тоа ќе се случи дури откако нивното најмало дете ќе стане полнолетно.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: