Не сакам ниту на Инстаграм да го следам: Емина откри што се случило со поранешниот сопруг
Пејачката ги потврди пишувањата на медиумите дека дошло до проблеми помеѓу неа и Сандал, но не откри дали причината за тоа бил турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Пејачката Емина Јаховиќ направи пауза во настапите поради коронавирусот, а медиумската прашина ја крена неодамна кога се дозна дека повеќе не е во добри односи со поранешниот сопруг Мустафа Сандал. Како резултат се спомнуваше нејзината врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Иако неодамна беа заедно на натпреварувањето на синот, набрзо се отследија од социјалните мрежи, а пејачката на прашањето за турската музичка ѕвезда одговори кратко.
„Мустафа и јас мораме да бидеме во добри односи. Секој го живее својот живот и тоа е природно“ - рече за „Блиц“, па додаде во емисијата „Ексклузивно“:
„Тоа мораше да се случи во еден момент, овие две години бевме многу повеќе заедно поради децата, но тие сега ги надминаа тие критични моменти. Не се гледаме често, нема потреба да се следиме на Инстаграм, не посоти никаква причина или кавга, едноставно малку се одалечивме како јас и тој, но како мајка и татко на Јаман и Јавуз комуницираме“.
Емина тврди дека сега е соло.
„Мажот во мојот живот не е главна преукупација. Важно е жената да знае што сака, а во еден момент ќе се случи и тоа“ - рече низ насмевка Емина на претставувањето на својот бренд.