Не се грижат за трендовите: Млад пар носи облека од минатиот век
Ричард Херфелд и Стефи Кеј се запознале онлајн и набрзо се заљубиле еден во друг, но со својата романса оддаваат почит на некои други времиња - носејќи облека и фотографирајќи се искучиво во стилот на 20 - тите и 30- тите години од минатиот век.
Ноебичниот пар ги споила љубовта кон ретро облеката, иако се запознале на најмодерниот можен начин - преку интернет. Ричард и Стефи се облекуваат исклучиво во оригинални костими од 20 - тите и 30 - тите години на минатиот век.
Парот, кој живее во Торонто, се запознал на Инстаграм, каде илјадници луѓе го покажуваат својот единствен стил.
По само 10 дена допишување, Ричард од Германија заминал во Канада кај Стефи и оттогаш се неразделини. Денес живеат во нејзиниот стан, уреден во „Art Deco“ стил во Торонто, пишува DailyMail.
Станот е изграден во 20 -тите години и се наоѓа во истиот кварт во кој живееле нејзините баба и дедо.
„Мојот стил исто така е инспириран до Џин Харлоу и златниот период на Холивуд. Филмовите имаат огромно влијание на тоа како се облекува, а Ричард тоа и самиот го обожува“ - вели Стефи.
По долги години, 95% од нејзината облека се состои од оригинални ретро парчиња, а таа и Ричард дури носат фустани и костуми и кога се опуштени и седат дома.
Над 70% од облеката на Ричард се состои од оригинални парчиња, а тој точно 8 години се облекува во овој ретро стил.
Парот редовно ја споделува својата љубов кон оваа мода на своите Инстаграм профили.