Не се одвојуваат откако се повторно заедно: Теодора Џехверовиќ му приреди изненадување на момчето Нино
Двојката секој заеднички момент го поминува на најдобар можен начин...
Нино Челебиќ за Новата година од Бразил допатува во Србија, по неколку месеци отсуство. Кошаркарот конечно повторно ужива покрај својата девојка Теодора Џехверовиќ, а своите заеднички моменти често ги споделуваат и на социјалните мрежи.
И минатата вечер двојката уживаше во заедничките моменти, а пејачката на кошаркарот му приреди вистинско уживање. Таа му угодува апсолутно во сѐ - на очите му ставила маска, а покажа дека подготвила и други козметички препарати, како масло за масажа и запалената свеќа.
„Дојде во козметичкиот салон „Џехви“ - порача пејачката на видеото на кое се гледа како Нино лежи и очекува нејзиниот третман да започне.