Не се потресе: Ариана Гранде сподели мистериозна објава откако Канје Вест ја вовлече во кавгата со Пит Дејвидсон
Ариана Гранде сподели мистериозна објава на Инстаграм откако Канје Вест ја вовлече во својата огорчена кавга со нејзиното поранешно момче Пит Дејвидсон. Се чинеше дека пејачката си го пиеше својот чај додека на социјалните мрежи ја гледаше драмата со Канје, кој го шокираше Интернетот додека ја молеше Ким да му се врати, како и тврдењето дека Пит никогаш нема да може да ги запознае своите деца во серијата постови во кои го покажа својот бес.
Тој сподели принтскрин од лажните гласини во кои се тврди дека комичарот од „Saturday Night Live“ му испраќал интимни фотографии од него со тогашната девојка Ариана, на нејзиното покојно момче Мек Милер, за да ги „скрши надежите на раперот за повторно обновување на врската со неа“. Среде испадите на Канје, поп-ѕвездата сподели видео на својот Инстаграм профил, пиејќи го својот топол пијалок, сугерирајќи дека седи и го следи бесот на раперот.
Мек, кој почина во 2018 година, не бил единствениот рапер кој бил вовлечен во приказните на Канје за лојалноста и семејството. Од никаде, тој го осуди и својот долгогодишен пријател Кид Куди за неговото пријателство со Пит.