Не си сигурен каков ти е здивот? Постои еден многу едноставен начин како да го провериш тоа
Ова е само еден од корисните трикови кои ги презентираше оваа девојка...
Некогаш се прашуваме како некои луѓе знаат вакви работи и што ние ги дознаваме дури сега. Постои многу трикови за секојдневието кои се забавни, но и корисни, а овие кои ќе ти ги претставиме во продолжение ќе ти бидат навистина корисни.
Доколку би требало да издвоите три најкорисни трикови кои би требало сите да ги знаат, тогаш тоа се овие три. Изабела ги сподели со своите следбеници на ТикТок, а видеото собра неверојатно 28 милиони прегледи. Никој не занел за овие работи, но сега на сите им е драго што ги знаат.
@onlyjayus Life Hacks w Jayus #fyp #lifehacks #hacks #bodyhacks #lifeadvice #advice #protip #tips #tipsandtricks #onlyjayus
original sound - Isabella Avila
Трик број 1: Како да исчистиш гума за џваќање од косата?
Ова можеби не ти се случило, но никој не ти гарантира дека нема да ти се случи. Гумите за џвакање лесно завршуваат во коса, особено ако имаш помлад брат или сестра или одиш на луди забави. Наместо да мораш да ја скратиш косата за да отстраниш, постои и многу едноставен начин, а потребни ти се само коцки мраз. Со помош на нив, лесно ќе ја отстраниш гумата за џвакање од коса.
Трик број 2: Како да провериш каков ти е здивот?
Постојат ситуации кога не можеш да ги измиеш забите или во тебе немаш гума за џвакање, но не си сигурен/сигурна каков ти е здивот и се плашиш дека можеби устата ти мрииса. Наместо да се грижиш до бесконечност, треба да си ја лижнеш раката и да ја помириш. Тоа ќе ти открие каков ти е здивот, кој го чувствуваат другите околу тебе.
Трик број 3: Како да звучиш дека си болен/болна на телефон?
Без разлика дали се обидуваш да се извлечеш од училиште или од некоја друга обврска, можеш да звучиш дека си болен/болна дури и кога не ти е ништо. Само треба да легнеш на кревет на грб и да ја пуштиш главата да ти виси од работ надоле. Така ќе звучиш поинаку, односно како да си настинат додека зборуваш на телефон.