Не сме ние, туку јас сум богат: Познатиот кошаркар има милиони кои не сака да им ги остави на децата во наследство
Кошаркарот Шекил О'Нил раскажа дека цело време на своите деца им повторува дека тоа што тој е богат, не значи дека се и тие...
Легендарниот американски кошаркар Шекил О'Нил на својата сметка има околу 400 милиони долари, а во еден подкаст неодамна раскажа дека тоа не значи дека и неговите деца се подеднакво богати.
„Фокс“ пренесува дека О'Нил јасно нагласил на што сака да ги научи своите шест деца.
„Лутете се на мене поради целата ситуација, но тоа е затоа што не разбирате за што зборувам. Цело време на децата им велат дека ние не сме богати, туку јас сум богат“ - кажа познатиот кошаркар, кој истакна дека на децата им оставил и можност да дојдат неговите пари.
Вели дека мора да му покажат диплома и да започнат сопствена работа. Доколку сакаат тој да вложи во нивниот бизнис, ќе мора да му претстават проект и да го уверат дека тоа е исплатливо. Кошаркарот не го интересира со што сакаат неговите деца да се занимаваат, туку сака да ги научи да ги ценат парите.
Шекил О'Нил во текот на долгогодишната кариера во НБА лигата заработи милиони долари, а уште повеќе заработи откако се пензионираше. Лансираше сопствена линија на патики, инвестираше во бројни проекти, а помеѓу останатото е и аналитичар во кошарката.
О'Нил неодамна откри и како го прекина својот статус на ѕвезда. „Познатите луѓе овие денови потполно полудуваат поради неважни работи и не сакам да бидам дел од тоа. Се одрекувам од својот статус на ѕвезда, доста ми е од тоа“ - кажа тој минатиот месец за „New York Post“.
Кошаркарот сака да биде препознатлив по својата великодушност, но далеку од камерите и кошаркарскиот терен.
фото: SHUTTERSTOCK