Не срами се: За овие теми би требало да зборуваш со твојата мајка!
Иако мислиш дека мајка ти моментално не е на твоја страна и често те „замара“ со испрашување, сети се на решенијата на сите проблеми кога беше мала. Сега кога си поголема ништо не е сменето, сега таа најмногу може да ти помогне.
Значи, немој да се срамиш и слободно зборувај за овие теми со неа:
Љубовни проблеми- знаеме дека те фаќа паника со самата помисла дека треба со мајка ти да зборуваш на оваа тема, но од неа ќе ги добиеш најдобрите совети, за тоа што треба да направиш, како да се заштитиш, што да не му дозволиш на твоето момче, колку и да ти се допаѓа.
Депресија - доколку се чувствуваш потиштено во последно време и наутро немаш мотивација да станеш од креветот, задолжително зборувај со твојата мајка. Таа ќе знае дали ти е потребна помош од психолог, иако и самата со разговорот многу ќе ти помогне.
Депилација - кога ќе сфатиш дека влакненцата на нозете или рацете премногу се гледаат, па поради тоа ти е срам да носиш кратки фустанчиња, немој да земаш брич во рака, додека не се посоветуваш со твојата мајка. Таа има пробано сè, од бричење со депилација со восок, па ќе ти каже што е најдобро за твојата кожа.
Другарство - доколку мислиш дека твојата мајка не знае ништо како изгледа денешното другарство, се лажеш. Иако се променети многу работи, ова е една од оние кои што не се менуваат. Сфати дека и твојата мајка имала „BFF“, дека се карала и смирувала, како и дека ги поминала сите убави и лоши работи од другарувањето.
Диета - сметаш дека малку си се поправила, па размислуваш за некоја диета, но пред да престанеш да јадеш нормално, поразговарај со мајка ти. Таа најдобро ќе знае дали е потребно да започнеш некоја диета или е доволно само да отстраниш благото и белите пецива.