Не сум едноставен, ама не сум воопшто ни арогантен како што можеби изгледам: Интервју со Кирил Лазаров
Кога Македонија го изгуби натпреворат од Данска на Европското ракометно првенство во Србија во 2012 година, плачел, иако тоа ретко се случува. Неговите солзи ги видела само сопругата Љубица.
Ова е мал дел од автобиографската книга „Секогаш на победа“ на Кирил Лазаров, ракометната легенда, играч на францускиот клуб Нант и тренер на македонската репрезентација. На 236 страници се распостелени делови, случки и настани од неговата животна и професионална приказна, откорнати од душа и напишани искрено, до болка.
Ако досега сте мислеле дека знаете сè за него, отткако ќе ја прочитате книгата која неодамна се појави во јавноста, ќе сфатите дека всушност и многу малку сте знаеле. Таа е поучно четиво не само за ракометарите и за фановите, туку и за луѓето од останатите професии - да сфатат зошто не успеале или да научат како да успеат.
# Читајќи ја книгата неколку пати во себе си го поставив прашањето „зарем е можно ова да му се случувало на нашиот ракометен национален херој“. Кој беше мотивот да ја напишете и објавите?
- Јас сум човек што го носи срцето и чувството. Никогаш не планирам однапред што ќе кажам и како ќе кажам. Меѓутоа имало и такви моменти, кога претходно сум се подготвувал за некое гостување или интервју на телевизја, но сум бил „неквалитетен“, односно тоа не сум бил ЈАС. Кога почнавме да работиме на автобиографијата, едноставно се чувствував одлично и ја пишував со многу страст, енергија, посветеност. Се присетив на многу моменти од минатото и некако бев сигурен во себе дека тоа сѐ треба да им го презентирам на читателите, фановите, пријателите, семејството.
фото: HBC Nantes
Целото интервју со ракометната легенда Кирил Лазаров, може да го прочитате на Женски магазин.