Не успеа да им се израдува на позитивните коментари за новата песна: Тамара објави фотка од болница со Хана

Не успеа да им се израдува на позитивните коментари за новата песна: Тамара објави фотка од болница со Хана

Објавена во: Совети // Семејство

Не успеа убаво да им се израдува на коментарите за новата песна...
Познатата македонска пејачка Тамара Тодевска вчера ја објави својата нова песна „Нијагара“. Оваа песна е нешто сосема поразлично од она што досега сме го слушале од Тамара, но според коментарите и реакциите на публиката, сепак на крајот од денот завршила одлична работа, секако заедно со тимот со кој што работи.

Но, за жал, Тамара не можела целосно да му се израдува на успехот, бидејќи токму овие денови ги поминала во болница заедно со нејзната ќерка Хана. Како што ги извести своите следбеници на социјалните мрежи, сега Хана е добро и дека нема простор за паника и грижи.
„Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за #Nijagara. На секој еден - премногу се радувам, но со мала задршка, затоа што со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала и рутинска интервенција.

Сега е добра, а јас пресреќна за енергијата која ми ја праќате.

Таа е пораката и на „Нијагара“. Борбата е различна и секојдневна, но љубовта е една и безусловна.

Фала Ви од срце.“ - напиша Тодевска покрај фотографијата од болничката соба на нејзината ќерка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: