Не за џабе е родена на Светскиот ден на танцот: Ќерката на Тамара Тодевска ги следи најновите ТикТок трендови (ВИДЕО)
Хана, постарата ќерка на Тамара Тодевска не мирува...
Пејачката постојано споделува фотографии и видеа од нејзините палавштини, а овој пат сподели едно интересно видео. Имено, во него Хана танцува на познатиот хит од Меган Трејнор, „Ме Тоо“. Но, овој танц не е обичен, туку е оние танцувачки предизвици кои кружат на ТикТок.
Дека Хана одлично ја има совладано материјата докажува ова видео, а нејзината баба Брана откри во што е тајната за овој талент на наследничката.
„Мојата месечинка е чудо за играње! Инаку, родена е на 29 април, Светскиот ден на танцот!“ - напиша гордата баба во коментар под видеото.
фото: Принтскрин / Инстаграм