Не жалат што се откажале од кариерата поради своите деца: Познати Македонки кои станаа мајки во раните 20-ти
Пред не толку многу години, кога ќе се спомнеше бременост во доцните дваесетти, тоа беше проследено со негативни коментари како од потесното семејство така и пошироко. Тогаш родилките ги викаа старородки, а докторите како од ракав ги вадеа можните лоши прогнози за бременост пред триесеттите.
Денес е сосема спротивно од пред само две децении. Кога некоја девојка има желба да стане млада мајка, тоа е чудно. Па оттука се поставуваат милиони прашања, „зашто толку рано“, „Животот е пред тебе, рано ти е“, „Епрен е млада“, „Што и текнало“, „Како ќе се снајде“, „Кој ќе го чува тоа дете“...
Особено кога се работи за јавна личност коментарите не стивнуваат. Најактуелна периодов е бременоста на пејачката Антонија Гиговска која релативно рано се одлучи да стане мајка. По веста следуваа и низата потпрашања како - „Што и текнало толку млада во екот на популарноста да основа семејство, кога „има време“ за тоа.
Луѓето имаат тенденција без тронка срам да се мешаат во туѓите животи и во одлуките на поединци, без воопшто да подразмислат, дали можеби некој може да се навреди од нивните прашања и заклучоци.
Бременоста во раните 20-ти не беше ништо чудно, напротив. Речиси сите познати Македонки доста рано се имаат реализирано како мајки, а денес се горди родители на прекрасни деца. Тогаш никој не ги прашал „Што ти текна сега во екот на кариерата да раѓаш дете“, напротив, имаа огромна поддршка од семејството и обожавателите кои стрпливо ги чекаа да се вратат пред малите екрани, на сцената и насловните.
Еве некои од нив:
Дани Димитровска
Дани синот Лазар го роди во 2000-та година, кога всушност и почна нејзината кариера. Таа одреден период поради обврските со бебето остана дома иако беше една од најпопуларните во тоа време. Сепак успеа одлично да ги изменаџира кариерата и приватните обврски.
Лила Филиповска
Лила исто така стана млада мајка која го роди синот Филип на почетокот на 20-тите години, во периодот кога започнуваше со водителството. Таа денес е горда мајка, а Филип има голема улога во градењето на нејзината личност.
Маја Вукичевиќ
Маја го роди својот син Горазд на 20 години. Тој до денес е нејзина најголема љубов, барем така често знае да каже.
Надица Георгиева
Надица во екот на кариерата кога беше една од најбараните модели и манекенки во Македонија и пошироко, остана бремена со синот, поради кој накратко ја прекина кариерата и на кој комплетно се посвети.
Фото:Instagram