Не знаев каде ме носат - дали на свирка или на Голи оток: Кичо четири пати пееше за Тито

Не знаев каде ме носат - дали на свирка или на Голи оток: Кичо четири пати пееше за Тито

Објавена во: Живот // Живот

Јованка Броз особено ја сакала песната „Због једне дивне црне жене“...

Легендарниот пејач Крунослав Кичо Слабинац почина денес и целата територија на поранешна Југославија ја остави во солзи.

Кичо имаше многу успешна и богата кариера, важеше за еден од најпознатите пејачи на овие простори, а на самиот врв на сцената беше дури 60 години.

За жал, музичката сцена ќе остане без една таква голема ѕвезда, но неговите песни ќе останат засекогаш.

Неговите песни ги сакаше и Јосип Броз Тито, чија сопруга Јованка Броз уживала во познатата песна „Због једне дивне црне жене“.

Кучи и самиот во едно интервју зборуваше за Тито и средбите со него.

„Јас на него му пеев четири пати. Кога доаѓаше во својата вила во Барањ не викаше нас да му свириме во дневната соба. Не зборувавме многу, но еднаш ме праша што сум зборувал во весниците. А, јас во едно интервју кажав дека ми е тешко да живеам како Хрват под хипотека во Јасеновац и тезата дека Хрватите се геноциден народ. Јас тоа не сум и сметам дека не можеме сите да се ставаме под иста капа, тоа е апсурдно. Тито ме праша што сум зборувал во весниците, а јас му одговорив: „Сигурно веќе ви кажале вашите“, на што тој ми рече: „Па, затоа и ги имам!“. Кога протоколот ме забележа во негова близина, дотрчаа и ми кажаа дека мораме да почнеме да свириме, а Тито кажа: „Па, водете го тогаш, не го држам јас“. Во тој момент не знаев веќе каде ме носат - на свирка или на Голи оток“ - зборуваше тој своевремено.

Кога првпат настапил пред Тито, Милка Планинч упорно му кажувала на тогашниот претседател на Југославија дека тоа е Кичо Слабинац, но тој веќе добро знаеше кој пее.

„Јованка ја сакаше „Због једне дивне црне жене“ и целата се стопи кога пеев, сигурно мислела дека пеам за неа, па малку и се расплака“ - истакна Кичо.

„Во друштво на Тито секогаш беше удобно, не зборувавме многу, но постојано имаше некои „фори“. Најголем проблем му беше да ги смири кучињата, кои лаеја и скокаа кога јас ќе почнев да пеам некои поживи песни и кога ќе се разиграв низ дневната соба. Каков и да беше, за мене беше големо признание дека една толку светска фигура те вика да ѝ пееш четири пати“ - изјави своевремено Кичо.


Извор: mondo.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: