Неда Украден никогаш поискрена: Каква пензија, само да се ослободиме од овој одмор

Неда Украден никогаш поискрена: Каква пензија, само да се ослободиме од овој одмор

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Неда Украден чија кариера трае повеќе од половина век, гостуваше во една емисија во која откри многу интересни детали од својот живот...

Кариерата на Неда Украден трае повеќе од половина век, а успешна е во различни музички жанрови. Поради долгогодишната кариера, енергијата и добриот изглед многумина за неа знаат да кажат дека таа е балканската Тина Тарнер.

„За мене тоа е комплимент кога ме споредуваат со Тина Тарнер. Фантастична е и нејзината животна приказна, големата броба, проблемите... И успеа да се врати во своите 50 - ти, 60 - ти. Неверојатна жена“ - вели Неда.

Глобалната пандемија го погоди светот на шоубизнисот, а пејачката смета дека концерти без публика нема.

„Ова е генерално страшно време за уметноста, севкупната уметност - области кои поддразбираат контакт со луѓе. Што значи концерт без публика? Ништо“ - рече пејачката за Н1.

Пејачката вели дека станува збор за голем број луѓе кои треба да бидат финансирани, односно дека целата заработка не оди само за неа. „За да се излезе на бина и да се наполни сала, потребно е да имате луѓе зад себе. Верувајте ми 60 - 70% од нето заработката ја вложувам во нови пенси, што не би требало да го прават. Треба да ги снимам, имам монтажери... Секоја нова песна ја снимаме сами, повеќе не ја снима студиото“ - рече таа.

Инаку се начна темата и за пензионирање, но оваа пејачката која има завршено два факултети не ни размислува на тоа.

„Какво пензионирање, смао да се спасам од овој одмор“ - откри таа низ насмевка.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: