Недела на татковците во Ист Гејт Мол!

Недела на татковците во Ист Гејт Мол!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Од првите зборови, првите чекори, првите неколку кругчиња поминати со велосипед, првите успеси, првите награди... татковците се тука за сите важни работи во нашите животи. Затоа, ајде да им покажеме колку ги сакаме и цениме што се тука за нас! Од 13 до 19 јуни, во East Gate Mall го славиме Денот на татковците со специјални игри, понуди и попусти во продавниците и рестораните.

„Неделата на татковците“ во East Gate Mall започува на 13.06 (понеделник) и ќе трае до 19.06 (недела), кога и ќе кулминира со одбележување на глобалниот Ден на татковците.

Овие неколку денови ќе им ги посветиме на нашите суперхерои – татковците, и ќе ги опсипеме со внимание, љубов и подароци. А East Gate подготви бројни активности со кои ќе му покажете на вашиот татко колку тој ви значи! Дојдете заедно во East Gate и направете фото спомен во позадината на молот, учествувајте во избор за најдобра фотографија или пак посетете ја изложбата на супер кул автомобили, во која заедно ќе уживате.

А вистинско изненадување ве очекува за време на викендот! Во деновите помеѓу 17 и 19 јуни, за секоја приложена сметка од над 1.000 денари, ќе добиете уникатен подарок – карикатура од вашиот татко, која можете да му ја подарите за Денот на таткото. Сè што треба да направите е само да се прошетате низ молот и да го побарате карикатуристот, а тој ќе се погрижи за сè останато.


Ајде да им покажеме на татковците колку се важни и колку ни се потребни. Дојдете, забавувајте се заедно и најдете го идеалниот подарок за вашиот татко, само во East Gate Mall. Нека овој празник прерасне во традиција!

Неделата на татковците започнува на 13 јуни.

Повеќе информации на: https://eastgatemall.mk/fathers-day/

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: