Недозволиво однесување: Студентка се изживува врз животните во Скопје ЗОО (ВИДЕО)

Недозволиво однесување: Студентка се изживува врз животните во Скопје ЗОО (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Со овој потег уште еднаш се отвори прашањето - „На што сè се подготвени младите за да добијат популарност на социјалните мрежи?“

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави застрашувачко видео, кое со брзина на светлината стана вирално.

Имено, видеото на Инстаграм го објавија од ЗОО Скопје, а во него може да се види како младата девојка влегува во заградените живеалишта на животните и ги вознемирува. Но, за нештата да бидат уште пострашни и посериозни, со ова студентка си го ризикува и сопствениот живот.

„Студентка по криминологија на факултет за безбедност. Доаѓа во Зоо Скопје да се изживува врз животни и да си го ризикува животот. Секако, ќе си добие соодветна пријава, а ваквото однесување е недозволиво!“ - напишаа покрај видеото од ЗОО Скопје.

Инаку, ова видео на ТикТок го има споделено девојката која е на видеото и со овој потег уште еднаш го отвори прашањето кое долго нè мачи сите - „На што сè се подготвени младите за да добијат популарност на социјалните мрежи?“.

Од ЗОО Скопје на крајот од својот коментар посочија дека ќе очекуваат исто вакво видео со јавно извинување.

За среќа, сево ова заврши брзо и младата девојка јавно се извини за своето однесување, но ја искористи истата можност и да ја сподели својата страна од приказната и да посочи што всушност сакала да постигне со видеото.

@anastasovska007

Јавно сакам да се извинам на зоолошката градина,сакам да се извинам затоа што ги прекршив правилата, но мојата цел не беше  да ги вознемирувам животните туку се качив со цел да ја видам мечката која што беше скриена..видеот беше премногу лошо разберено од страна на народот...

original sound - Mila anastasovska

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: