Нејзината исповед ја заледува крвта во вените: Џастин Тимберлејк со емотивно писмо ја поддржи Брини Спирс
Озлогласеното поранешно момче на поп принцезата се потресе колку и нејзините обожаватели кога го прочита нејзиното признание за тоа како изгледа нејзиниот живот откако е под старателство на татко ѝ.
Пејачката Бритни Спирс, која од 2008 година нема право да управува со своите пари или да донесува одлуки за ништо во животот, вклучувајќи го и лекувањето, конечно вчера отворено зборуваше пред судот во Лос Анџелес за тоа како нејзиниот татко Џејми Спирс и нејзиниот „старателски тим“ го контролирале секој аспект од нејзиниот живот.
Таа изнесе шокантни детали, како на пример дека сака да се омажи и да роди уште едно дете, но нејзините старатели не ѝ дозволувале да оди на лекар и да ја извади спирала, дека ѝ бил даден лек што ја зашеметува до тој степен што таа не можела да зборува, дека не може тој да ги користи своите пари и многу, многу повеќе.
Бројни јавни личности испратија зборови на поддршка и охрабрување до Бритни, која се бори судот да ја поништи одлуката за старателство, а меѓу нив е и Џастин Тимберлејк, нејзиното прво момче, со кое беше во врска од 1998 до 2002 година.
„По ова што го видовме денес, сите мораме да ја поддржиме Бритни во овој момент. Без оглед на нашето минато, било да е добро или лошо, без разлика колку време помина. Она што и се случува не е во ред. Никогаш на ниту една жена не смее да ѝ биде забрането да одлучува што да прави со своето тело. Никој никогаш не смее да биде задржуван против неговата волја ... Ниту, пак, да бара да има пристап до сè за што напорно работел“ - напиша Џастин на Твитер.
Тој рече дека неговата сопруга Џесика Бил и тој се надеваат дека Бритни ќе може повторно да управува со нејзиниот живот.
„Јас и Џес ѝ испраќаме љубов и апсолутна поддршка на Бритни во овој момент. Се надеваме дека судот и нејзиното семејство ќе донесат правилна одлука и ќе ја остават да живее како што сака“ - рече Тимберлејк.
фото: PROFIMEDIA