Нејзината животна приказна е подеднакво тажна како во филмот: Се сеќавате ли на жената со гулабите од „Сам дома“?
Пред повеќе од 30 години премиерно беше емитуван филмот „Сам дома“, со Меколи Калкин во улогата на момчето Кевин кое го чува семејниот дом од крадци. Иако тогаш не се очекуваше многу од оваа комедија, истата стана празничен класик.
И веруваме дека сите љубители на ова остварување добро знаат сѐ за малиот Кевин, па дури и дека неговиот надалеку познат врисок не бил во сценариото, туку дека Меколи го импровизирал на снимањето. Но, и за двата крадци, кои раскажуваа дека им било многу тешко за време на снимањето кога требало да се воздржат од користење пцовки.
Но, колку знаеме за бабата, која во вториот дел од овој филм ги бранеше гулабите? Па, и не многу. А, нејзината животна приказна е тажна исто толку и нејзината улога во филмот.
Во филмот „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“, покрај Кевин и крадците, еден од главните ликови е и старицата која седи во паркот и ги храни гулабите, од која Кевин прво се плаши, а подоцна му станува пријателка.
Иако се ретки оние кои не го погледнале филмот барем три пати, дали имате запомнето како се вика бабата? Не сте? Без грижа, со вашата меморија се е во ред. Имено, таа баба во филмот нема ни име, туку е „гулаб - баба“.
А, неа ја игра актерката Бренда Фрикер, ирска театарска актерка наградена со Оскар за споредната улога во филмот „My left foot“.
Како тинејџерка Бренда ја удрил автомобил по што паднала во кома од која не се разбудила скоро две години. Нејзините здравствени проблеми не престанеле ни потоа. Имено, добила туберкулоза, поради што лекарите морале да ѝ го отстранат бубрегот.
Во брак со Бери Дејвис поминала девет години, а во тој период имала шест спонтани абортуси и никогаш не успеала да ја износи бременоста до крај, пишува РТЛ.
Актерската кариера ја започнала во времето додека работела како новинарка во „The Irish Times“, а кога започнала поинтензивно да се занимава со глума, се преселила во Лондон.
фото: Принтскрин / Јутјуб