Нејзиниот концерт го обележи страшна трагедија: Познатата пејачка се потсети на морничавата вечер која ќе ја памети засекогаш
Познатата поп ѕвезда се присети на големата трагедија која се случи пред четири години на нејзиниот концерт во Англија...
Поп ѕвездата Ариана Гранде им одаде почит на оние кои починаа во терористичкиот напад на нејзиниот концерт во Манчестер, Англија пред четири години.
„Иако тагата е сеприсутна и нашиот однос со неа постојано се развива и се манифестира на различни начини секој ден, секоја година... знам дека оваа годишнина нема да биде лесна. Ве молам, знајте дека денес мислам на вас. Манчестер, моето срце е со тебе денес и секогаш“ - напиша таа на Инстаграм.
Потоа ги наведе 22 - те имиња на личностите кои загинаа во самоубиствениот бомбашки напад, кој беше извршен на 22 мај 2017 година од страна на исламистичкиот екстремист на крајот на нејзиниот концерт во арената во Манчестер.
Во 2018 година, Гранде истетовира пчела зад левото уво во спомен на нејзините починати обожаватели. По нападот, во знак на солидарност со жртвите, многу Британци истетовираа и пчела, која е симбол на Манчестер.