Нејзиниот поглед кажува сè: Сања Вучиќ сподели фотографија со новото момче, а сите го забележаа истиот детаљ
Иако обично ја чува приватноста за себе, пејачката сега направи исклучок и го покажа момчето кое ѝ го освои срцето
Популарната пејачка Сања Вучиќ ужива во одличен период - и професионално и приватно.
Една од најталентираните балкански музички ѕвезди од помладата генерација неодамна, откако ја напушти групата „Ураган“, го објави својот прв независен сингл, а сега потврди дека е среќно заљубена!
Веќе некое време се шпекулира дека Сања е во нова врска, а таа беше таинствена и не сакаше да открива премногу. Сепак, не издржа, па сега сподели топол момент со своите фанови и го покажа човекот кој го освои нејзиното срце.
Сања, всушност, на Инстаграм објави фотографија на која ја видовме со новото момче непосредно пред бакнеж, а сите го забележаа истото - дека таа го гледа заљубена до уши.
Како што претходно објавија локалните медиуми, момчето на Сања е Ненад Цицмил, сопственик на ноќен клуб во Србобран, а нивната врска стана позната кога пејачката му беше придружничка на Ненад на свадбата на неговиот брат.
Извор: glossy.espreso.co.rs