Нејзините родители направиле сè за да дипломира: Не заборави на корените и им се заблагодари на посебен начин

Нејзините родители направиле сè за да дипломира: Не заборави на корените и им се заблагодари на посебен начин

Објавена во: Семејство, School zone

Едно мигрантско мексиканско семејство вложило сè што има во образованието на својата ќерка Џенифер. За возврат, кога дипломирала, таа им ја покажала својата благодарност на најубавиот начин и докажала дека е способна да ги совлада животните предизвици, како и дека само небото е граница.

Родителите на Џенифер Роче се преселиле од Мексико во САД и никогаш не добиле можност да го остварат својот сон и факултетски да се образуваат. Затоа одлучиле на својата ќерка да ѝ ја посочат важноста на образованието. Работеле земјоделие, а им помагала и Џенифер. По завршувањето на училиште таа секогаш брзала дома, да им помогне на родителите. Завршувале доцна, а Џенифер спиела по два - три часа, но сфатила колкава почит заслужуваат нејзините родители.

„Многу пати сакав да се откажам, но моите родители и нивните совети беа причината поради која продолжував понатаму“ - кажа оваа млада девојка.

Нејзиното семејство не можело да ѝ овозможи престој во студентки дом, па затоа помеѓу студирањето, работела две работи и плус работела на поле со нејзините мајка и татко.

Сè се исплатело. Џенифер дипломирала и на прекрасен начин им се заблагодарила за трудот и внимателноста на родителите. Се фотографирала во полето во кое израснала и работело, а нејзините фотографии станаа вирални.


Објавена во: Семејство, School zone

Можеби ќе ве интересира: