Некогаш беа расплакани и уплашени, а денес нема да ги препознаете: Протекоа ретки фотографии од синовите на Бритни Спирс
Синовите на Бритни Спирс денес се тинејџери, а за постариот велат дека е копија на својата позната мајка...
Бритни Спирс неодамна сподели убави вести - на 40 години ќе стане мајка по трет пат, а дека не е некоја шега во прашање потврди и нејзиното 13 години помладо момче, фитнер тренер и актер во подем Сем Асгари.
Не е тајна дека пејачката силно посакуваше повторно да стане мајка, особено ако се земе предвид дека поради психичките проблеми своевремено не можеше да ужива во мајчинството со синовите Шон и Џејден, меѓутоа, целиот процес го блокираше старателството кое го имаше нејзиниот татко, поради што мораше да биде на апчиња за контрацепција цели 13 години.
Бритни однеодамна е слободна, а тоа првенствено го прослави со веридбата со Сем, а сега, само неколку месеци подоцна, во семејството Спирс повторно „ќе долета штркот“.
Не се сомневаме дека на среќната вест се израдувале и нејзините синови, со оглед на тоа што е познато дека ја поддржуваа својата мајка сите овие години, а постариот, сега 16-годишниот Шон во еден момент дури и почна „лајв“ на Инстаграм за време на борбата за старателството и откри низ што поминува неговата мајка. Неговата исповед ја прекина татко му, некогашниот танчер Кевин Федерлајн, кој не ни знаел дека неговиот наследник ги открива семејните тајни на социјните мрежи.
Инаку, и Шон и Џејден Џејмс денес се тинејџери за пример, а помладиот дури и го има наследено талентот за музика на мајка му и посетува часови по клавир.
И Шон и Џејден често одат во куќата на мајка им, иако во минатато зад нив е многу турбулентен период, кога нивните родители оделе по судови. Имено, по разводот, Бритни доживеа нервен слом и ја избричи главата, а судот децата ги додели на Кевин.
Во прилог не ѝ одеше ни тоа што Шон уште како бебе го држела во прегратки додека возела, а тоа е само еден од моментите кога Бритни не била при себе. На самиот крај, во 2019 година, 70 отсто од старателството му припаднало на Кевин, а 30 на Бритни.
Момците денес се многу поразлични од оние фотографии кои своевремено го заобиколија целиот свет, а на кои се збунете и расплакани поради обожавателите кои ја следеа Бритни на секој чекор.
За потсетување, Бритни во брак со Кевин беше од 2004 до 2007 година, а по една година слободен статус, го најде Асгари. Сепак, некои обожаватели се загрижени за тоа дека фитнер тренерот е со неа само од корист, но факт е дека е покрај неа со години.
Не е познато во какви односи се Асгари и синовите на Бритни, но ако може да им се верува на ретките фотографии кои Бритни ги објавува на својот профил, делува дека сите добро се забавуваат.
фото: Принтскрин / Инстаграм