Некогаш ѝ биле идоли, денес колеги: Лара Иванова откри кои македонските пејачи ги сакала како дете? (ФОТО)
Предизвикот #СетиСе, кој го започна СОС Детско Село, ги потсети луѓето на најубавите спомени од животот - оние од детството. Кон него се приклучија и голем број познати личности - пејачи, актери, водители...
Една од нив е и младата пејачка Лара Иванова, која со фотографиите кои ги објави, откри дека музиката ѝ била избор уште од најраното детство. Така, помеѓу фотките од нејзиното детство се најде и фотографија, која е направена во студио.
Но, она што ги изненади сите беа фотографиите со двајца македонски пејачи, кои на таа возраст сигурно ѝ биле идоли. Иако денес ѝ се колеги, сепак тие имаат повеќе искуство од неа и сигурно уште учи од нив.
Станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски и пејачката Елена Ристеска, кои судејќи по фотографиите, во тоа време беа во екот на својата популарост.
фото: Принтскрин / Инстаграм